растрча

Глагол, свршен

Значење на растрча:

Натера, направи некој да почне да трча, да биде во активна состојба. Таа ги растрча помошничките. Тој го растрча кучето. Тие ги растрчаа учениците по различни секции. Таа растрча по масите и ги нудеше гостите со пијалак.

Конјугација: растрчаат.

Изведени зборови:

  • растрчување, глаг. им. ср.
  • се ~ растрча, 1. Почне силно да трча, обично во различни насоки. Фудбалерите се растрчаа по теренот. Децата се растрчаа во градината. 2. Стане активен, се активира на различни места по работа. Тие се растрчаа по судови. Тој се растрча по пријатели.
  • (се) растрчува, глаг. несв. (се) растрчуваат

Оригинални податоци:

растрча, растрчаат св. Натера, направи некој да почне да трча, да биде во активна состојба. Таа ги растрча помошничките. Тој го растрча кучето. Тие ги растрчаа учениците по различни секции. Таа растрча по масите и ги нудеше гостите со пијалак. ● се ~ 1. Почне силно да трча, обично во различни насоки. Фудбалерите се растрчаа по теренот. Децата се растрчаа во градината. 2. Стане активен, се активира на различни места по работа. Тие се растрчаа по судови. Тој се растрча по пријатели. ‖ (се) растрчува, (се) растрчуваат несв. ‖ глаг. им. растрчување ср.