растреби

Глагол, свршен

Значење на растреби:

1. Расчисти, отстрани нешто што е непотребно, доведе во некаков ред средувајќи. За неколку дена момчињата ја растребија куќата. Тој го растреби подрумот и ги исфрли непотребните работи.

2. Површно, грубо отстрани со требење. Таа го растреби оризот. Работниците го растребија расадот.

Коњугација: растребат.

Изведени зборови:

  • растребува, глаг. несв. растребуваат
  • растребување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

растреби, растребат св. 1. Расчисти, отстрани нешто што е непотребно, доведе во некаков ред средувајќи. За неколку дена момчињата ја растребија куќата. Тој го растреби подрумот и ги исфрли непотребните работи. 2. Површно, грубо отстрани со требење. Таа го растреби оризот. Работниците го растребија расадот. ‖ растребува, растребуваат несв. ‖ глаг. им. растребување ср.