растресе
Значење на растресе:
1. Расклати, раздвижи силно. Силниот ветар ги растресе прозорците. Земјотресот ги растресе зградите. Тој силно ја растресе неговата рака. Таа силно го растресе детето.
2. (прен.) Растрепери, растрепети, возбуди, вознемири. Таа ги растресе родителите со своите изјави. Неговата рамнодушност многу ме растресе.
3. (прен.) Опфати, силно обземе некого (болест, треска и сл.). Високата температура го растресе детето. Болеста го растресе и го легна на постела.
4. За земја, за почва ‒ при копање издроби, иситни, направи да биде ровка, мека. Низ рацете ја растресе земјата.
Коњугација: (ќе) растресеа , (ќе) растресев , (ќе) растресел, растресат , растресете , растреси , растресле , растресоа , растресов , растресол .
Изведени зборови:
- растресување, глаг. им. ср.
- се ~ растресе, Се расклати, се раздвижи, силно се растрепери. Прозорците се растресоа од силниот ветар. Земјата се растресе и почна да пука.
- (се) растресува, глаг. несв. (се) растресуваат
Оригинални податоци:
растресе, растресат; растреси, растресете; растресов, растресоа; растресол, растресле; (ќе) растресев, (ќе) растресеа; (ќе) растресел св. 1. Расклати, раздвижи силно. Силниот ветар ги растресе прозорците. Земјотресот ги растресе зградите. Тој силно ја растресе неговата рака. Таа силно го растресе детето. 2. (прен.) Растрепери, растрепети, возбуди, вознемири. Таа ги растресе родителите со своите изјави. Неговата рамнодушност многу ме растресе. 3. (прен.) Опфати, силно обземе некого (болест, треска и сл.). Високата температура го растресе детето. Болеста го растресе и го легна на постела. 4. За земја, за почва ‒ при копање издроби, иситни, направи да биде ровка, мека. Низ рацете ја растресе земјата. ● се ~ Се расклати, се раздвижи, силно се растрепери. Прозорците се растресоа од силниот ветар. Земјата се растресе и почна да пука. ‖ (се) растресува, (се) растресуваат несв. ‖ глаг. им. растресување ср.