растргне

Глагол, свршен

Значење на растргне:

1. Раскине, со кинење направи нешто на парчиња. Волците растргнале половина стадо овци. Кучето го растргнало килимчето.

2. Премести, помести, смени нечија локација, тргне нешто, раздвои. Тој го растргна пердето од прозорецот. Таа ги растргна луѓето и мина меѓу нив.

3. Расчисти, отстрани предмети од определен простор. Девојчињата ги растргнаа масите и ги измија садовите. Тие веќе ги растргнаа чашите.

4. (прен.) Премори, стане преморен од некаква дејност, снемошти од многу работа. Тој го растргна коњот од работа. Новите газди нè растргнаа од работа. Децата нè растргнаа од перење валкана облека.

Коњугација: (ќе) растргнеа , (ќе) растргнев , (ќе) растргнел, растргнаа , растргнав , растргнал , растргнат , растргнат , растргнете , растргни .

Изведени зборови:

  • растргнување, глаг. им. ср.
  • се ~ растргне, Се премори, снемошти од многу работа, покаже активност на сите полиња до премор. Кутрото животно се растргна од носење тежини. Јас се растргнав од многу работа на сите страни.
  • (се) растргнува, глаг. несв. (се) растргнуваат

Оригинални податоци:

растргне, растргнат; растргни, растргнете; растргнав, растргнаа; растргнал; растргнат; (ќе) растргнев, (ќе) растргнеа; (ќе) растргнел св. 1. Раскине, со кинење направи нешто на парчиња. Волците растргнале половина стадо овци. Кучето го растргнало килимчето. 2. Премести, помести, смени нечија локација, тргне нешто, раздвои. Тој го растргна пердето од прозорецот. Таа ги растргна луѓето и мина меѓу нив. 3. Расчисти, отстрани предмети од определен простор. Девојчињата ги растргнаа масите и ги измија садовите. Тие веќе ги растргнаа чашите. 4. (прен.) Премори, стане преморен од некаква дејност, снемошти од многу работа. Тој го растргна коњот од работа. Новите газди нè растргнаа од работа. Децата нè растргнаа од перење валкана облека. ● се ~ Се премори, снемошти од многу работа, покаже активност на сите полиња до премор. Кутрото животно се растргна од носење тежини. Јас се растргнав од многу работа на сите страни. ‖ (се) растргнува, (се) растргнуваат несв. ‖ глаг. им. растргнување ср.