растрои

Глагол, свршен

Значење на растрои:

1. Наруши нормален ред, строј и сл. Тој ги растрои партиските редови. Последните немири го растроија стариот поредок.

2. Растури план и сл. Таа ми ги растрои моите планови. Последните случувања ги растроија сите наши планови.

3. (прен.) Доведе во ненормална состојба, наруши нечие психичко здравје. Синот му ги растрои нервите. Секојдневните караници ме растроија.

4. Раштима, наруши тон или музичка изведба. Детето го растрои пијаното. Тој ја растрои гитарата.

Коњугација: (ќе) растроев , (ќе) растроеја , (ќе) растроел, растроив , растроија , растроил , растрој , растројат , растројте .

Изведени зборови:

  • растројување, глаг. им. ср.
  • се ~ растрои, 1. Се наруши нормален ред на нешто. Нашиот план се растрои кога пристигна нова група. 2. Се доведе, дојде во ненормална, психички нарушена состојба. По смртта на мажот таа се растрои. Откако отиде во пензија, тој се растрои. 3. Се раштима. Виолината се растрои од долго стоење.
  • (се) растројува, глаг. несв. (се) растројуваат

Оригинални податоци:

растрои, растројат; растрој, растројте; растроив, растроија; растроил; (ќе) растроев, (ќе) растроеја; (ќе) растроел св. 1. Наруши нормален ред, строј и сл. Тој ги растрои партиските редови. Последните немири го растроија стариот поредок. 2. Растури план и сл. Таа ми ги растрои моите планови. Последните случувања ги растроија сите наши планови. 3. (прен.) Доведе во ненормална состојба, наруши нечие психичко здравје. Синот му ги растрои нервите. Секојдневните караници ме растроија. 4. Раштима, наруши тон или музичка изведба. Детето го растрои пијаното. Тој ја растрои гитарата. ● се ~ 1. Се наруши нормален ред на нешто. Нашиот план се растрои кога пристигна нова група. 2. Се доведе, дојде во ненормална, психички нарушена состојба. По смртта на мажот таа се растрои. Откако отиде во пензија, тој се растрои. 3. Се раштима. Виолината се растрои од долго стоење. ‖ (се) растројува, (се) растројуваат несв. ‖ глаг. им. растројување ср.