растроши

Глагол, свршен

Значење на растроши:

1. Изрони, направи да стане во вид на трошки, ронки. Таа го растроши лебот и го попари со млеко. Растроши едно парче леб и им го даде на врапчињата.

2. Потроши, многу пари и сл. без мерка, потроши сè или речиси сè. По неколку месеци девојката го растроши наследството. Платата ја растроши за една недела.

Коњугација: растрошат.

Изведени зборови:

  • растрошување, глаг. им. ср.
  • се ~ растроши, Се истроши, се потроши до последно. Парите се растрошија и тој се растроши.
  • (се) растрошува, глаг. несв. (се) растрошуваат

Оригинални податоци:

растроши, растрошат св. 1. Изрони, направи да стане во вид на трошки, ронки. Таа го растроши лебот и го попари со млеко. Растроши едно парче леб и им го даде на врапчињата. 2. Потроши, многу пари и сл. без мерка, потроши сè или речиси сè. По неколку месеци девојката го растроши наследството. Платата ја растроши за една недела. ● се ~ Се истроши, се потроши до последно. Парите се растрошија и тој се растроши. ‖ (се) растрошува, (се) растрошуваат несв. ‖ глаг. им. растрошување ср.