растури

Глагол, свршен

Значење на растури:

1. Расипе ред, внесе безредие. Тој ги растури книгите.

2. Собори, урне, разруши. Тој го растури шаторот за неколку минути. Булдожерите ја растурија бараката.

3. Уништи (дом, семејство и сл.). Тој го растури семејството и замина во странство. Таа му го растури бракот.

4. Растури, распушти (организација, војска и сл.). Генералот ја растури војската. Лажната тревога го растури собирот.

5. Разгласи, рашири, распрати, разнесе. Радиото растури лажна вест. Таа растурила летоци по градот.

6. Распушти коса слободно; разбушави коса, фризура. Таа ја растури косата слободно да паѓа. Тој си ја растури фризурата.

Коњугација: растурат.

Изведени зборови:

  • (се) растура, глаг. несв. (се) растураат--(се) растурува, (се) растуруваат
  • се ~ растури, 1. За дом, семејство и сл. ‒ се уништи. Семејството се растури. Бракот им се растури по неколку години. 2. Се распушти, се разотиде, се раздели. Собирот се растури. Партијата се растури. Луѓето се растурија по улиците. Групата се растури по продавници. 3. Се разгласи, се разнесе, се распрсне. Во фирмата се растури глас дека ќе има смена. Меѓу нас се растури информација дека ќе дојде директорот. 4. Стане несредено, изгуби форма (за фризура, за храна и сл.). Од ветрот косата ѝ се растури. Од топлото шлагот се растури. 5. Се разруши некаков објект. Од силните потреси ѕидот се растури.

Оригинални податоци:

растури, растурат св. 1. Расипе ред, внесе безредие. Тој ги растури книгите. 2. Собори, урне, разруши. Тој го растури шаторот за неколку минути. Булдожерите ја растурија бараката. 3. Уништи (дом, семејство и сл.). Тој го растури семејството и замина во странство. Таа му го растури бракот. 4. Растури, распушти (организација, војска и сл.). Генералот ја растури војската. Лажната тревога го растури собирот. 5. Разгласи, рашири, распрати, разнесе. Радиото растури лажна вест. Таа растурила летоци по градот. 6. Распушти коса слободно; разбушави коса, фризура. Таа ја растури косата слободно да паѓа. Тој си ја растури фризурата. ● се ~ 1. За дом, семејство и сл. ‒ се уништи. Семејството се растури. Бракот им се растури по неколку години. 2. Се распушти, се разотиде, се раздели. Собирот се растури. Партијата се растури. Луѓето се растурија по улиците. Групата се растури по продавници. 3. Се разгласи, се разнесе, се распрсне. Во фирмата се растури глас дека ќе има смена. Меѓу нас се растури информација дека ќе дојде директорот. 4. Стане несредено, изгуби форма (за фризура, за храна и сл.). Од ветрот косата ѝ се растури. Од топлото шлагот се растури. 5. Се разруши некаков објект. Од силните потреси ѕидот се растури. ‖ (се) растура, (се) растураат/(се) растурува, (се) растуруваат несв. ‖ глаг. им. растурање/растурување ср.