раствори 1

Глагол, свршен

Значење на раствори:

1. Направи раствор, растопи. Таа го раствори шеќерот во млеко, а солта ја раствори во вода.

2. Разблажи, направи да не биде со голема силина од карактеристиките на основната супстанција. Тој ја раствори ракијата со вода. Таа ја раствори лимонадата со студена вода.

Коњугација: растворат.

Изведени зборови:

  • растворување, глаг. им. ср.
  • се ~ раствори, Направи, образува раствор. Печената глина не се раствора во вода. Прашокот се раствора во топла вода.
  • (се) растворува, глаг. несв. (се) растворуваат

Оригинални податоци:

раствори1, растворат св. 1. Направи раствор, растопи. Таа го раствори шеќерот во млеко, а солта ја раствори во вода. 2. Разблажи, направи да не биде со голема силина од карактеристиките на основната супстанција. Тој ја раствори ракијата со вода. Таа ја раствори лимонадата со студена вода. ● се ~ Направи, образува раствор. Печената глина не се раствора во вода. Прашокот се раствора во топла вода. ‖ (се) растворува, (се) растворуваат несв. ‖ глаг. им. растворување ср.