расветли

Глагол, свршен

Значење на расветли:

1. Опсипе, облее со светлина. Тој ја расветли собичката со батерија. Тој го расветли патот. Месечината го расветли морето.

2. (прен.) Протолкува правилно, разјасни, реши проблем или некое прашање. Инспекторот го расветли случајот. Оваа нова теорија го расветли постоењето на црните дупки.

Коњугација: расветлат.

Изведени зборови:

  • расветлување, глаг. им. ср.
  • се ~ расветли, 1. Стане светло, се развидели. Небото на исток се расветли. 2. (прен.) Стане јасно, се разјасни, се реши. Неколку убиства и злосторства се расветлија.
  • (се) расветлува, глаг. несв. (се) расветлуваат

Оригинални податоци:

расветли, расветлат св. 1. Опсипе, облее со светлина. Тој ја расветли собичката со батерија. Тој го расветли патот. Месечината го расветли морето. 2. (прен.) Протолкува правилно, разјасни, реши проблем или некое прашање. Инспекторот го расветли случајот. Оваа нова теорија го расветли постоењето на црните дупки. ● се ~ 1. Стане светло, се развидели. Небото на исток се расветли. 2. (прен.) Стане јасно, се разјасни, се реши. Неколку убиства и злосторства се расветлија. ‖ (се) расветлува, (се) расветлуваат несв. ‖ глаг. им. расветлување ср.