расвири се

Глагол, свршен

Значење на расвири се:

1. Почне да свири многу, се занесе во свирењето. Тој се расвири и од срце се израдува.

2. (прен.) За огнено оружје (куршуми, гранати и сл.) ‒ засвири, почне да фрчи. Се расвиреа куршуми од сите страни.

Коњугација: се расвират.

Изведени зборови:

  • се расвирува, глаг. несв. се расвируваат

Оригинални податоци:

расвири се, се расвират св. 1. Почне да свири многу, се занесе во свирењето. Тој се расвири и од срце се израдува. 2. (прен.) За огнено оружје (куршуми, гранати и сл.) ‒ засвири, почне да фрчи. Се расвиреа куршуми од сите страни. ‖ се расвирува, се расвируваат несв.