раз-

Претставка

Значење на раз-:

(рас- пред безвучна согласка) Претставка / префикс за образување глаголи со следните значења.

Оригинални податоци:

раз- (рас- пред безвучна согласка) Претставка / префикс за образување глаголи со следните значења. 1. Почеток или извршување на некакво дејство со голема сила, со силен интензитет: разбаботи, разгори, разблее, разбрбори, разбрмчи, развика, развреска. 2. Дејство спротивно на дејството изразено со основниот глагол: развитка, разврзе, размрзне, размрси. 3. Извршување на дејството од глаголот во различни насоки со голема сила: разбутка, разгони. 4. Извршено дејство, при што како резултат целината се дели на делови: раскрои, расече. 5. Доведување на дејството на глаголот до резултат којшто целосно го опфаќа дејството: развари, разбрка, разработи, разубави. 6. Извршување на дејството во целост, до крај: распродаде, разграба. 7. Добивање на особина изразена во придавката или именката од која е изведен глаголот, изразување на состојба: разболи се, разбесни, разлути. 8. Ублажување на интензитетот; прекин или крај на некаква состојба: разблажи, разбуди, раздени.