разбаботи

Глагол, свршен

Значење на разбаботи:

За печка, оган ‒ почне силно да гори; распали. Печката разбаботи и собата брзо се загреа.

Коњугација: разбаботат.

Изведени зборови:

  • разбаботува (се), глаг. несв. (се) разбаботуваат
  • се ~ разбаботи, 1. За печка, оган ‒ почне силно да гори; се распали. Огнот се разбаботи. 2. (прен.) а) Почне гласно да зборува; вреви. Одеднаш децата се разбаботија во дворот. б) Почне многу да зборува, да дрдори. Кога се разбаботеа, на муабетот му немаше крај.

Оригинални податоци:

разбаботи, разбаботат св. За печка, оган ‒ почне силно да гори; распали. Печката разбаботи и собата брзо се загреа. ● се ~ 1. За печка, оган ‒ почне силно да гори; се распали. Огнот се разбаботи. 2. (прен.) а) Почне гласно да зборува; вреви. Одеднаш децата се разбаботија во дворот. б) Почне многу да зборува, да дрдори. Кога се разбаботеа, на муабетот му немаше крај. ‖ разбаботува (се), (се) разбаботуваат несв.