разбега (се)
Значење на разбега (се):
Побегне на различни страни, се распрсне на различни страни со бегање. Децата како пилци (се) разбегаа. Сите се разбегаа по нивите и по лозјата. Стадото (се) разбега исплашено.Коњугација: (се) разбегаат.
Изведени зборови:
- (се) разбегува, глаг. несв. (се) разбегуваат
Оригинални податоци:
разбега (се), (се) разбегаат (само во мн. и 3 л. едн.) св. Побегне на различни страни, се распрсне на различни страни со бегање. Децата како пилци (се) разбегаа. Сите се разбегаа по нивите и по лозјата. Стадото (се) разбега исплашено. ‖ (се) разбегува, (се) разбегуваат несв.