разбере
Значење на разбере:
1. Сфати смисла, содржина, значење на нешто. Разбра или да ти повторам? Немој да ме разбереш погрешно, ќе биде така како ти што ќе речеш. Тој го виде и веднаш ја разбра работата. Слушаше вниматално, но не можеше да разбере ни збор.
2. Добие определено мислење за нешто, процени. Она што го знам, сум го разбрал од животот, не сум учел од книги. Мислеше на сè што стана тие денови и повторно разбра зошто треба да поживее. Јас лично разбрав дека омразата меѓу нас и нив е гнасна работа. Зар уште не разбра што човек сум? 3. Сподели чувства, мисли, желби со некого; сфати и оправда нечии побуди, мотиви, постапки и сл. Разбери ги и ти нив, не им е ни ним лесно! Нека кажеше каква е работата и ќе го разберевме. Ние сме повикани за да ги разбереме народните маки. 4. а) Дознае, узнае мисли, намери, постапки, зборови и сл. на некого. За неговото идење никој ништо не разбра. Тој така, си вети, никој да не го чуе, никој да не разбере. Знам дека нема никој да ме разбере, и затоа пак ќе го сторам тоа. б) Дојде до сознание за нешто; дојде до информации за некого. После разбра дека овој мирниов бил крив за таа тепаница. Од мои верни шпиони го разбрав и тоа дека тој пристигнал во градот. Сите разбраа дека е лош човек. Нестрпливо чекаше да се сретне со него и малку од малку да разбере како стои работата.
3. (разг.) а) Сети, стане свесен за нешто. Тој разбра дека дојде времето да се разделат. Гледајќи ги како се смеат, таа разбра дека меѓу нив двајцата постојат некои поинтимни односи. б) Почувствува, сети задоволство од нешто. Ништо не разбра од младоста.
Коњугација: (ќе) разбереа , (ќе) разберев , (ќе) разберел, разберат , разберете , разбери , разбраа , разбрав , разбрал , разбран .
Изведени зборови:
- разбирање, глаг. им. ср.
- се ~ разбере, 1. Сфати заемно еден со друг; воспостави усогласени односи, ставови со некого. Ние вечерва ќе дојдеме кај вас и ќе се разбереме со него. Ни со своите сопствени синови не можеше да се разбере како што треба. 2. сп. разбере1. Зборовите можат да се разберат, но тој не сака да ги рабере. Имаше многу народ и ништо не можеше да се разбере. Со едно движење на главата даде да се разбере дека не сака да го види. 3. (само во 3 л.) а) Стане јасно, очигледно. Кога дојде колата пред влезот, се разбра дека тоа е само стар пајтон. Од гласните шеги можеше да се разбере дека идат од селото. б) Стане општо познато, се прочуе. По неколку дена се разбра дека таа се свршила. Веста ја криеше од другите, зашто не сакаше да се разбере и да се рашири низ селото. 4. сп. разбере 3. Беа толку блиски што со еден поглед се разбраа. 5. (разг.) Се вразуми, се свести што прави. Луѓе, сопрете, разберете се! Разбери се веќе еднаш, не си мал! 6. Се спогоди, се согласи со некого. Тие се стари пријатели, па лесно ќе се разберат околу продажбата. Беше тревар и брзо најдоа јазик да се разберат.
- (се) разбира, глаг. несв. (се) разбираат
Фразеолошки израз / поговорка:
Да се разбереме ‒ да ги одредиме, поставиме јасно работите.
Оригинални податоци:
разбере, разберат; разбери, разберете; разбрав, разбраа; разбрал; разбран; (ќе) разберев, (ќе) разбереа; (ќе) разберел св. 1. Сфати смисла, содржина, значење на нешто. Разбра или да ти повторам? Немој да ме разбереш погрешно, ќе биде така како ти што ќе речеш. Тој го виде и веднаш ја разбра работата. Слушаше вниматално, но не можеше да разбере ни збор. 2. Добие определено мислење за нешто, процени. Она што го знам, сум го разбрал од животот, не сум учел од книги. Мислеше на сè што стана тие денови и повторно разбра зошто треба да поживее. Јас лично разбрав дека омразата меѓу нас и нив е гнасна работа. Зар уште не разбра што човек сум? 3. Сподели чувства, мисли, желби со некого; сфати и оправда нечии побуди, мотиви, постапки и сл. Разбери ги и ти нив, не им е ни ним лесно! Нека кажеше каква е работата и ќе го разберевме. Ние сме повикани за да ги разбереме народните маки. 4. а) Дознае, узнае мисли, намери, постапки, зборови и сл. на некого. За неговото идење никој ништо не разбра. Тој така, си вети, никој да не го чуе, никој да не разбере. Знам дека нема никој да ме разбере, и затоа пак ќе го сторам тоа. б) Дојде до сознание за нешто; дојде до информации за некого. После разбра дека овој мирниов бил крив за таа тепаница. Од мои верни шпиони го разбрав и тоа дека тој пристигнал во градот. Сите разбраа дека е лош човек. Нестрпливо чекаше да се сретне со него и малку од малку да разбере како стои работата. 5. (разг.) а) Сети, стане свесен за нешто. Тој разбра дека дојде времето да се разделат. Гледајќи ги како се смеат, таа разбра дека меѓу нив двајцата постојат некои поинтимни односи. б) Почувствува, сети задоволство од нешто. Ништо не разбра од младоста. ● се ~ 1. Сфати заемно еден со друг; воспостави усогласени односи, ставови со некого. Ние вечерва ќе дојдеме кај вас и ќе се разбереме со него. Ни со своите сопствени синови не можеше да се разбере како што треба. 2. сп. разбере1. Зборовите можат да се разберат, но тој не сака да ги рабере. Имаше многу народ и ништо не можеше да се разбере. Со едно движење на главата даде да се разбере дека не сака да го види. 3. (само во 3 л.) а) Стане јасно, очигледно. Кога дојде колата пред влезот, се разбра дека тоа е само стар пајтон. Од гласните шеги можеше да се разбере дека идат од селото. б) Стане општо познато, се прочуе. По неколку дена се разбра дека таа се свршила. Веста ја криеше од другите, зашто не сакаше да се разбере и да се рашири низ селото. 4. сп. разбере 3. Беа толку блиски што со еден поглед се разбраа. 5. (разг.) Се вразуми, се свести што прави. Луѓе, сопрете, разберете се! Разбери се веќе еднаш, не си мал! 6. Се спогоди, се согласи со некого. Тие се стари пријатели, па лесно ќе се разберат околу продажбата. Беше тревар и брзо најдоа јазик да се разберат. ◊ Да се разбереме ‒ да ги одредиме, поставиме јасно работите. ‖ (се) разбира, (се) разбираат несв. ‖ глаг. им. разбирање ср.