разбие

Глагол, свршен

Значење на разбие:

1. а) Со удирање или при паѓање направи нешто да се искрши на парчиња, да се распрсне. Ударот на топката го разби стаклото на прозорецот. Не сакаа со сила да ја рабијат вратата. Силните бранови ги разбија карпите. б) Со удар или при паѓање повреди некој дел од телото. Жалам што не му ја разбив веднаш муцката.

2. (воен.) Нанесе пораз, победи; предизвика неред, онеспособи; направи пробив. Вечерта ја разбивме непријателската заседа. Тие ја разбија вооружената одбрана на тврдината.

3. Наруши, поткопа, разори. Никој не може да го разбие нашето единство и слога.

4. Направи нешто да се расчисти, растури; прекине нешто. Ветрот ја разби маглата. Бурните аплаузи ја разбија тишината. Месечината го разби мракот околу нас.

5. (прен.) Направи нешто да исчезне или да се ублажи, совлада. Тие впечатоци му го разбија сонот. Неговите зборови му го разбија колебањето. Тоа само ѝ помагаше да ја разбие здодевноста.

6. (разг., ретко) Размени во поситни пари, раситни.

Коњугација: (ќе) разбиев , (ќе) разбиеја , (ќе) разбиел , разбив , разбиен, разбиј , разбија , разбијат , разбијте , разбил .

Изведени зборови:

  • разбивање, глаг. им. ср.
  • (се) разбива, глаг. несв. (се) разбиваат
  • се ~ разбие, 1. Се распрсне, се искрши на парчиња. Стаклото се разби. Стомната се разби од аголот на масата. 2. Се повреди или загине при паѓање, при удар од нешто. Се лизна на мразот и целиот се разби. 3. Се раздели на делови, се расцепка. Ќе се разбијат на групи и така ќе влезат во градот. 4. Исчезне, се изгуби. Сонот му се разби.

Фразеолошки израз / поговорка:

Го разби мразот ‒ прв отпочне некоја работа. Топ не го разбива ‒ 1. многу е силен, направил, завршил голема работа. 2. многу е богат, моќен.

Оригинални податоци:

разбие, разбијат; разбиј, разбијте; разбив, разбија; разбил; (ќе) разбиев, (ќе) разбиеја; (ќе) разбиел; разбиен св. 1. а) Со удирање или при паѓање направи нешто да се искрши на парчиња, да се распрсне. Ударот на топката го разби стаклото на прозорецот. Не сакаа со сила да ја рабијат вратата. Силните бранови ги разбија карпите. б) Со удар или при паѓање повреди некој дел од телото. Жалам што не му ја разбив веднаш муцката. 2. (воен.) Нанесе пораз, победи; предизвика неред, онеспособи; направи пробив. Вечерта ја разбивме непријателската заседа. Тие ја разбија вооружената одбрана на тврдината. 3. Наруши, поткопа, разори. Никој не може да го разбие нашето единство и слога. 4. Направи нешто да се расчисти, растури; прекине нешто. Ветрот ја разби маглата. Бурните аплаузи ја разбија тишината. Месечината го разби мракот околу нас. 5. (прен.) Направи нешто да исчезне или да се ублажи, совлада. Тие впечатоци му го разбија сонот. Неговите зборови му го разбија колебањето. Тоа само ѝ помагаше да ја разбие здодевноста. 6. (разг., ретко) Размени во поситни пари, раситни. ● се ~ 1. Се распрсне, се искрши на парчиња. Стаклото се разби. Стомната се разби од аголот на масата. 2. Се повреди или загине при паѓање, при удар од нешто. Се лизна на мразот и целиот се разби. 3. Се раздели на делови, се расцепка. Ќе се разбијат на групи и така ќе влезат во градот. 4. Исчезне, се изгуби. Сонот му се разби. ◊ Го разби мразот ‒ прв отпочне некоја работа. Топ не го разбива ‒ 1. многу е силен, направил, завршил голема работа. 2. многу е богат, моќен. ‖ (се) разбива, (се) разбиваат несв. ‖ глаг. им. разбивање ср.