разбира
Значење на разбира:
1. Знае, поима нечиј јазик, говор. Тој најмалку го учи јазикот и ништо не го разбира. Тој не го разбираше нивниот јазик.
2. Сфаќа нечии побуди, мотиви, преокупации. Мал сум и не ја разбирам нејзината замисленост. Сега разбирам зошто не сакаше да дојдеш. Дури и таа си призна дека тогаш не го разбирала.
Коњугација: разбираат , разбирајќи.
Изведени зборови:
- се ~ разбира, 1. Има познавање, е вешт во нешто. Таа не се разбира ништо од шахот. Тој се разбира во компјутери. 2. Сфаќа еден со друг, заемно; има усогласени односи, ставови со некого. Ние двајцата секогаш сме се разбирале. Со соседите одлично се разбираа.
Фразеолошки израз / поговорка:
Се разбира ‒ секако, јасно е, се знае.
Оригинални податоци:
разбира, разбираат; разбирајќи несв. 1. Знае, поима нечиј јазик, говор. Тој најмалку го учи јазикот и ништо не го разбира. Тој не го разбираше нивниот јазик. 2. Сфаќа нечии побуди, мотиви, преокупации. Мал сум и не ја разбирам нејзината замисленост. Сега разбирам зошто не сакаше да дојдеш. Дури и таа си призна дека тогаш не го разбирала. ● се ~ 1. Има познавање, е вешт во нешто. Таа не се разбира ништо од шахот. Тој се разбира во компјутери. 2. Сфаќа еден со друг, заемно; има усогласени односи, ставови со некого. Ние двајцата секогаш сме се разбирале. Со соседите одлично се разбираа. ◊ Се разбира ‒ секако, јасно е, се знае. ◊ Разбира колку свиња од диња ‒ воопшто не се разбира. Разбира дури отаде! ‒ многу добро знае, сè разбира.