разбирлив

Придавка

Значење на разбирлив:

1. Што може да се разбере, да се сфати, јасен. Тој раскажува со лесно разбирлив јазик. Стилот му е многу јасен, разбирлив.

2. Што изразува блиски, слични погледи, мислења, ставови со некого. Неговиот начин на живот му беше близок и разбирлив.

3. Што има основа, оправданост, што лесно може да се разбере. Причина немаше, барем не видлива и разбирлива. Во тие услови таа појава е природна и разбирлива.

Членувана форма: разбирливиот.

Изведени зборови:

  • разбирливо, прил. 1. На разбирлив начин. Зборуваше јасно и разбирливо. 2. Како модал. збор ‒ се разбира, секако. Разбирливо, јас им раскажав за судбината на татко ми.
  • разбирливост, и. ж.

Оригинални податоци:

разбирлив, разбирливиот прид. 1. Што може да се разбере, да се сфати, јасен. Тој раскажува со лесно разбирлив јазик. Стилот му е многу јасен, разбирлив. 2. Што изразува блиски, слични погледи, мислења, ставови со некого. Неговиот начин на живот му беше близок и разбирлив. 3. Што има основа, оправданост, што лесно може да се разбере. Причина немаше, барем не видлива и разбирлива. Во тие услови таа појава е природна и разбирлива. ‖ разбирливо прил. 1. На разбирлив начин. Зборуваше јасно и разбирливо. 2. Како модал. збор ‒ се разбира, секако. Разбирливо, јас им раскажав за судбината на татко ми. ‖ разбирливост ж.