разбистри

Глагол, свршен

Значење на разбистри:

1. За течност ‒ направи да стане бистра. Филтерот ќе ја разбистри водата.

2. (прен.) а) Направи нешто да биде чисто, ведро. Ветрот го разбистри небото. б) Направи нешто да биде јасно, разбирливо. Тој веднаш му ги разбистри поимите. Не бери гајле, ќе ја разбистриме сета работа.

Коњугација: разбистрат.

Изведени зборови:

  • разбистрување, глаг. им. ср.
  • се ~ разбистри, 1. За течност ‒ стане бистра. Водата во езерото се разбистри. 2. (прен.) Стане јасен, чист. Не знам зошто го стори тоа, но подоцна ми се разбистри. Но, штом се тргна првиот чад, очите му се разбистрија. Погледот му се разбистри.
  • (се) разбиструва, глаг. несв. (се) разбиструваат

Оригинални податоци:

разбистри, разбистрат св. 1. За течност ‒ направи да стане бистра. Филтерот ќе ја разбистри водата. 2. (прен.) а) Направи нешто да биде чисто, ведро. Ветрот го разбистри небото. б) Направи нешто да биде јасно, разбирливо. Тој веднаш му ги разбистри поимите. Не бери гајле, ќе ја разбистриме сета работа. ● се ~ 1. За течност ‒ стане бистра. Водата во езерото се разбистри. 2. (прен.) Стане јасен, чист. Не знам зошто го стори тоа, но подоцна ми се разбистри. Но, штом се тргна првиот чад, очите му се разбистрија. Погледот му се разбистри. ‖ (се) разбиструва, (се) разбиструваат несв. ‖ глаг. им. разбистрување ср.