разблажи
Значење на разблажи:
1. За течност ‒ со додавање вода или друго средство направи да стане поретко, послабо; разводни, разреди. Виното го разблажи со вода. Го разблажи млекото. За една нијанса разблажи ја бојата.
2. (прен.) Смири, омекне, утеши; разнежи. Нејзините зборови му ја разблажија лутината.
Коњугација: разблажат.
Изведени зборови:
- разблажување, глаг. им. ср.
- се ~ разблажи, (прен.) Изгуби густина, интензитет; стане поблаг, помек. Светлината се разблажи на сртот од планината. По таа средба срцето му се разблажи.
- (се) разблажува, глаг. несв. (се) разблажуваат
Оригинални податоци:
разблажи, разблажат св. 1. За течност ‒ со додавање вода или друго средство направи да стане поретко, послабо; разводни, разреди. Виното го разблажи со вода. Го разблажи млекото. За една нијанса разблажи ја бојата. 2. (прен.) Смири, омекне, утеши; разнежи. Нејзините зборови му ја разблажија лутината. ● се ~ (прен.) Изгуби густина, интензитет; стане поблаг, помек. Светлината се разблажи на сртот од планината. По таа средба срцето му се разблажи. ‖ (се) разблажува, (се) разблажуваат несв. ‖ глаг. им. разблажување ср.