разбој
Значење на разбој:
1. Направа за ткаење; ткајачка машина. Престилките сè уште се ткаат од волнено предено на разбои.
2. (спорт.) Гимнастичка направа составена од два хоризонтални стапа, поставени на вертикални носачи. Секој ден вежба на разбој.
Множина: разбои.
Изведени зборови:
- разбојче, и. ср. хип.
Оригинални податоци:
разбој, мн. разбои м. 1. Направа за ткаење; ткајачка машина. Престилките сè уште се ткаат од волнено предено на разбои. 2. (спорт.) Гимнастичка направа составена од два хоризонтални стапа, поставени на вертикални носачи. Секој ден вежба на разбој. ‖ разбојче, мн. разбојчиња ср. хип.