разбојник
Значење на разбојник:
1. Тој што прави разбојништво, што краде, злосторник, крадец. Ноќе кога се враќаш дома, се плашиш да не наидеш на некаков разбојник. Друмски разбојник.
2. (прен.) Немирник, палавец. Малиот е голем разбојник, постојано прави пакости.
Множина: разбојници.
Изведени зборови:
- разбојница, и. ж. мн. разбојници и разбојничка, мн. разбојнички
- разбојнички, прил. Постојано настапува разбојнички и насилно.
- разбојнички, прид. разбојничкиот Разбојничка банда. Разбојнички напад.
Оригинални податоци:
разбојник, мн. разбојници м. 1. Тој што прави разбојништво, што краде, злосторник, крадец. Ноќе кога се враќаш дома, се плашиш да не наидеш на некаков разбојник. Друмски разбојник. 2. (прен.) Немирник, палавец. Малиот е голем разбојник, постојано прави пакости. ‖ разбојница, мн. разбојници и разбојничка, мн. разбојнички ж. ‖ разбојнички, разбојничкиот прид. Разбојничка банда. Разбојнички напад. ‖ разбојнички прил. Постојано настапува разбојнички и насилно.