разбран
Значење на разбран:
1. Глаголска придавка од разбере.
2. Што може лесно да се разбере, да се сфати; јасен, разбирлив. Нападите против него носат разбрана жолчност. Требаше да им даде книга на разбран јазик.
3. Што покажува разбирање, разумен. Таа е една од најпаметните и најразбраните девојки. Тој беше разбран човек.
Членувана форма: разбраниот.
Изведени зборови:
- разбрано, прил. Зборуваше разбрано.
- разбраност, и. ж.
Оригинални податоци:
разбран, разбраниот прид. 1. Глаг. прид. од разбере. 2. Што може лесно да се разбере, да се сфати; јасен, разбирлив. Нападите против него носат разбрана жолчност. Требаше да им даде книга на разбран јазик. 3. Што покажува разбирање, разумен. Таа е една од најпаметните и најразбраните девојки. Тој беше разбран човек. ‖ разбрано прил. Зборуваше разбрано. ‖ разбраност ж.