разбрани

Глагол, свршен

Значење на разбрани:

1. Направи да се појават бранови, предизвика бранови. Ветрот го разбрани морето. 2 (прен.) Вознемири, возбуди. Никаков одговор нема да го разбрани. Го мачеа спомените што ги разбрани.

Коњугација: разбранат.

Изведени зборови:

  • разбранување, глаг. им. ср.
  • се ~ разбрани, 1. Почне да се движи во бранови, дојде во состојба на бранување. Водата се разбрани доцна попладне. 2. (прен.) Почне да се движи. Толпата се разбрани во исчекување. 3. (прен.) Се вознемири, се возбуди. Душата ѝ се разбрани. 4. (прен.) Се пренесе како бран, се рашири. Немирот не само што не секна туку и се разбрани. Извиците се разбранија насекаде.
  • (се) разбранува, глаг. несв. (се) разбрануваат

Оригинални податоци:

разбрани, разбранат св. 1. Направи да се појават бранови, предизвика бранови. Ветрот го разбрани морето. 2 (прен.) Вознемири, возбуди. Никаков одговор нема да го разбрани. Го мачеа спомените што ги разбрани. ● се ~ 1. Почне да се движи во бранови, дојде во состојба на бранување. Водата се разбрани доцна попладне. 2. (прен.) Почне да се движи. Толпата се разбрани во исчекување. 3. (прен.) Се вознемири, се возбуди. Душата ѝ се разбрани. 4. (прен.) Се пренесе како бран, се рашири. Немирот не само што не секна туку и се разбрани. Извиците се разбранија насекаде. ‖ (се) разбранува, (се) разбрануваат несв. ‖ глаг. им. разбранување ср.