разбуди

Глагол, свршен

Значење на разбуди:

1. Прекине сон некому. Никој не смееше да го разбуди пред да пукне зората. Вечерта го разбуди лаежот на кучиња.

2. (прен.) Предизвика, побуди, поттикне нешто. Песната разбуди во него копнеж по младоста. Нешто нагло го разбуди неговото внимание. Тоа што го виде разбуди во него внатрешен немир.

Коњугација: разбудат.

Изведени зборови:

  • разбудување, глаг. им. ср.
  • се ~ разбуди, 1. Прекине, заврши со спиење; се расони. Се разбуди кај шест часот. 2. (прен.) Се појави, се пројави. Во него се разбуди селанска итрост. Ветрот повторно се разбуди и ги потфати дрвјата. Сонцето уште не се разбудило.
  • (се) разбудува, глаг. несв. (се) разбудуваат

Оригинални податоци:

разбуди, разбудат св. 1. Прекине сон некому. Никој не смееше да го разбуди пред да пукне зората. Вечерта го разбуди лаежот на кучиња. 2. (прен.) Предизвика, побуди, поттикне нешто. Песната разбуди во него копнеж по младоста. Нешто нагло го разбуди неговото внимание. Тоа што го виде разбуди во него внатрешен немир. ● се ~ 1. Прекине, заврши со спиење; се расони. Се разбуди кај шест часот. 2. (прен.) Се појави, се пројави. Во него се разбуди селанска итрост. Ветрот повторно се разбуди и ги потфати дрвјата. Сонцето уште не се разбудило. ‖ (се) разбудува, (се) разбудуваат несв ‖ глаг. им. разбудување ср.