разбуричка

Глагол, свршен

Значење на разбуричка:

1. Измеша, со буричкање испреврти нешто; избуричка. Со машата ја разбуричка жарта во огништето. Разбуричка насекаде, но не можеше да го најде писмото.

2. (прен.) Измеша, предизвика збрка, збунетост. Таа средба му го разбуричка умот.

Коњугација: разбуричкаат.

Изведени зборови:

  • се ~ разбуричка, Се раздвижи, се разбранува. Се разбуричка народот барајќи место за ноќевање.
  • (се) разбуричкува, глаг. повт. (се) разбуричкуваат

Оригинални податоци:

разбуричка, разбуричкаат св. 1. Измеша, со буричкање испреврти нешто; избуричка. Со машата ја разбуричка жарта во огништето. Разбуричка насекаде, но не можеше да го најде писмото. 2. (прен.) Измеша, предизвика збрка, збунетост. Таа средба му го разбуричка умот. ● се ~ Се раздвижи, се разбранува. Се разбуричка народот барајќи место за ноќевање. ‖ (се) разбуричкува, (се) разбуричкуваат повт.