разделба
Значење на разделба:
1. Моментот на разделување со блиски, збогување. Дојде и денот на разделбата. На разделба ѝ вети дека ќе ѝ пишува.
2. Времето поминато далеку од блиските. Ако не беше разделбата, можеби ќе се зближеа некако. Нивните чести разделби поради неговите патувања не ја разнишаа нивната врска.
Множина: разделби.
Оригинални податоци:
разделба, мн. разделби ж. 1. Моментот на разделување со блиски, збогување. Дојде и денот на разделбата. На разделба ѝ вети дека ќе ѝ пишува. 2. Времето поминато далеку од блиските. Ако не беше разделбата, можеби ќе се зближеа некако. Нивните чести разделби поради неговите патувања не ја разнишаа нивната врска.