раздели
Значење на раздели:
1. Направи нешто на делови, подели во група. Намислив да го разделам имотот на четири делови. Играчите ги разделија во групи.
2. Даде, распредели нешто на мнозина. Го изнесоа лебот и месото и им го разделија. Тој им ги раздели летоците на присутните.
3. а) Разграничи. Пенливата река ги разделува двете села. б) Распредели, подели на два дела. Косата ја раздели на патец.
4. а) Оддели еден од друг или едно нешто од друго. Никој не се осмели да ги раздели скараните. б) Предизвика прекин на некакви врски или односи со некого. Бевме толку блиски што немаше сила што може да нè раздели. Подоцна патиштата им се разделија и долго не се видоа.
5. (прен.) Предизвика раздвоеност, разединетост. Од тој ден омразата ги разделила селата со длабок јаз.
6. (мат.) Изврши операција на делење. Потоа добиениот број раздели го со три.
Коњугација: разделат.
Изведени зборови:
- разделување, глаг. им. ср.
- се ~ раздели, 1. Се подели, се раздвои на делови, групи; се разотиде на разни страни. Четата се раздели на две крила. На крстосницата се разделија, едниот замина в град, а другиот в село. 2. а) Прекине врска, пријателство со некого. По таа кавга се разделија и веќе не беа пријатели. б) Раскине брачна заедница, се разведе. Тој се раздели со жена му пред неколку години. 3. Изврши меѓусебна поделба, се подели. Потоа се разделија секој со своето наследство. 4. Се збогува, се прости. Најдобро е да се разделиме во мир. Тој не можеше да се раздели од неа и да замине. 5. Се разедини. По тоа прашање народот се раздели, некои беа за, а некои против.
- (се) разделува, глаг. несв. (се) разделуваат
Оригинални податоци:
раздели, разделат св. 1. Направи нешто на делови, подели во група. Намислив да го разделам имотот на четири делови. Играчите ги разделија во групи. 2. Даде, распредели нешто на мнозина. Го изнесоа лебот и месото и им го разделија. Тој им ги раздели летоците на присутните. 3. а) Разграничи. Пенливата река ги разделува двете села. б) Распредели, подели на два дела. Косата ја раздели на патец. 4. а) Оддели еден од друг или едно нешто од друго. Никој не се осмели да ги раздели скараните. б) Предизвика прекин на некакви врски или односи со некого. Бевме толку блиски што немаше сила што може да нè раздели. Подоцна патиштата им се разделија и долго не се видоа. 5. (прен.) Предизвика раздвоеност, разединетост. Од тој ден омразата ги разделила селата со длабок јаз. 6. (мат.) Изврши операција на делење. Потоа добиениот број раздели го со три. ● се ~ 1. Се подели, се раздвои на делови, групи; се разотиде на разни страни. Четата се раздели на две крила. На крстосницата се разделија, едниот замина в град, а другиот в село. 2. а) Прекине врска, пријателство со некого. По таа кавга се разделија и веќе не беа пријатели. б) Раскине брачна заедница, се разведе. Тој се раздели со жена му пред неколку години. 3. Изврши меѓусебна поделба, се подели. Потоа се разделија секој со своето наследство. 4. Се збогува, се прости. Најдобро е да се разделиме во мир. Тој не можеше да се раздели од неа и да замине. 5. Се разедини. По тоа прашање народот се раздели, некои беа за, а некои против. ‖ (се) разделува, (се) разделуваат несв. ‖ глаг. им. разделување ср.