раздере

Глагол, свршен

Значење на раздере:

1. Искине на парчиња. При падот ги раздра панталоните на колениците.

2. Изгребе, издраска. Гранката му ја раздра ногата.

Коњугација: (ќе) раздереа , (ќе) раздерев , (ќе) раздерел , раздерат , раздерен, раздерете , раздери , раздраа , раздрав , раздрал , раздран .

Изведени зборови:

  • раздерување, глаг. им. ср.
  • се ~ раздере, 1. Се изгребе, се издраска. Берејќи капини сиот се раздрав. 2. (прен.) Се развика. Тој им се раздра од прозорецот.
  • (се) раздерува, глаг. несв. (се) раздеруваат

Оригинални податоци:

раздере, раздерат; раздери, раздерете; раздрав, раздраа; раздрал; раздран; (ќе) раздерев, (ќе) раздереа; (ќе) раздерел; раздерен св. 1. Искине на парчиња. При падот ги раздра панталоните на колениците. 2. Изгребе, издраска. Гранката му ја раздра ногата. ● се ~ 1. Се изгребе, се издраска. Берејќи капини сиот се раздрав. 2. (прен.) Се развика. Тој им се раздра од прозорецот. ‖ (се) раздерува, (се) раздеруваат несв. ‖ глаг. им. раздерување ср.