раздолжи 1
Значење на раздолжи:
Ослободи некого од долг, отпише долг некому. Секако дека ќе ти помогнам и ќе те раздолжам.Коњугација: раздолжат.
Изведени зборови:
- раздолжување, глаг. им. ср.
- се ~ раздолжи, Се ослободи од долг, подмири долг. Ја платив последната рата и се раздолжив.
- (се) раздолжува, глаг. несв. (се) раздолжуваат
Оригинални податоци:
раздолжи1, раздолжат св. Ослободи некого од долг, отпише долг некому. Секако дека ќе ти помогнам и ќе те раздолжам. ● се ~ Се ослободи од долг, подмири долг. Ја платив последната рата и се раздолжив. ‖ (се) раздолжува, (се) раздолжуваат несв. ‖ глаг. им. раздолжување ср.