раздразлив

Придавка

Значење на раздразлив:

1. Што лесно се дразни, се лути, се вознемирува. Беше нервозен и раздразлив, му пречеа сите.

2. Што предизвикува дразнење, лутина, гнев. Раздразлив мирис. Раздразлив поглед.

Членувана форма: раздразливиот.

Изведени зборови:

  • раздразливо, прил. Фати да му се потсмева раздразливо.
  • раздразливост, и. ж.

Оригинални податоци:

раздразлив, раздразливиот прид. 1. Што лесно се дразни, се лути, се вознемирува. Беше нервозен и раздразлив, му пречеа сите. 2. Што предизвикува дразнење, лутина, гнев. Раздразлив мирис. Раздразлив поглед. ‖ раздразливо прил. Фати да му се потсмева раздразливо. ‖ раздразливост ж.