раздразни
Значење на раздразни:
1. Предизвика раздразнетост, вознемиреност, лутина; разлути, разгневи. Нејзината постапка уште повеќе го раздразни.
2. Предизвика, пробуди некакво чувство, предизвика некаква реакција во организмот или на некој орган. Мирисот во градината ме раздразни и ми ги врати спомените. Густиот чад ѝ ги раздразни очите.
Коњугација: раздразнат.
Изведени зборови:
- раздразнување, глаг. им. ср.
- се ~ раздразни, 1. Се вознемири, се налути. Се трудеше да не се раздразни и да не излезе надвор од себеси. 2. Се возбуди, се распали. Се раздразни од стиховите на песната.
- (се) раздразнува, глаг. несв. (се) раздразнуваат
Оригинални податоци:
раздразни, раздразнат св. 1. Предизвика раздразнетост, вознемиреност, лутина; разлути, разгневи. Нејзината постапка уште повеќе го раздразни. 2. Предизвика, пробуди некакво чувство, предизвика некаква реакција во организмот или на некој орган. Мирисот во градината ме раздразни и ми ги врати спомените. Густиот чад ѝ ги раздразни очите. ● се ~ 1. Се вознемири, се налути. Се трудеше да не се раздразни и да не излезе надвор од себеси. 2. Се возбуди, се распали. Се раздразни од стиховите на песната. ‖ (се) раздразнува, (се) раздразнуваат несв. ‖ глаг. им. раздразнување ср.