раздрнка

Глагол, свршен

Значење на раздрнка:

1. Направи нешто силно да клопоти, да испушта клопот. Ги раздрнкаа машините и настана силна бучава.

2. (разг.) Расипе нешто со неправилна или со прекумерна употреба. Многу брзо го раздрнка апаратот.

Коњугација: раздрнкаат.

Изведени зборови:

  • се ~ раздрнка, 1. Почне многу да клопа. Ѕвонците се раздрнкаа по ливадата. 2. (прен.) Почне многу да зборува, се раздрдори. Кога ќе се раздрнка, не можеш да го сопреш. 3. (прен.) Почне да дрнка на некој жичен инструмент. Што си се раздрнкал на гитарата, седни учи.
  • (се) раздрнкува, глаг. несв. (се) раздрнкуваат

Оригинални податоци:

раздрнка, раздрнкаат св. 1. Направи нешто силно да клопоти, да испушта клопот. Ги раздрнкаа машините и настана силна бучава. 2. (разг.) Расипе нешто со неправилна или со прекумерна употреба. Многу брзо го раздрнка апаратот. ● се ~ 1. Почне многу да клопа. Ѕвонците се раздрнкаа по ливадата. 2. (прен.) Почне многу да зборува, се раздрдори. Кога ќе се раздрнка, не можеш да го сопреш. 3. (прен.) Почне да дрнка на некој жичен инструмент. Што си се раздрнкал на гитарата, седни учи. ‖ (се) раздрнкува, (се) раздрнкуваат несв.