раздроби
Значење на раздроби:
1. Искрши, разбие на ситни парчиња; иситни. По некое време успеа да ја раздроби карпата.
2. (прен.) Расчлени, расцепка, раздели. Групата ја раздроби на двојки.
Коњугација: раздробат.
Изведени зборови:
- раздробува, глаг. несв. раздробуваат
- раздробување, глаг. им. ср.
- се ~ раздроби, Се искрши, се здроби. Мразот се раздроби под неговата тежина.
Оригинални податоци:
раздроби, раздробат св. 1. Искрши, разбие на ситни парчиња; иситни. По некое време успеа да ја раздроби карпата. 2. (прен.) Расчлени, расцепка, раздели. Групата ја раздроби на двојки. ● се ~ Се искрши, се здроби. Мразот се раздроби под неговата тежина. ‖ раздробува, раздробуваат несв. ‖ глаг. им. раздробување ср.