раздува

Глагол, свршен

Значење на раздува:

1. За ветар ‒ со дување разнесе нешто. Ветрот ја раздува сета прашина од улиците.

2. Со дување распали, разгори оган. Често пати го прекинуваше разговорот за да го раздува огнот.

Коњугација: раздуваат.

Изведени зборови:

  • раздувување, глаг. им. ср.
  • се ~ раздува, 1. За ветар ‒ почне силно да дува. Се раздува и ние се прибравме дома. 2. (дијал.) Се разлути.
  • (се) раздувува, глаг. несв. (се) раздувуваат

Оригинални податоци:

раздува, раздуваат св. 1. За ветар ‒ со дување разнесе нешто. Ветрот ја раздува сета прашина од улиците. 2. Со дување распали, разгори оган. Често пати го прекинуваше разговорот за да го раздува огнот. ● се ~ 1. За ветар ‒ почне силно да дува. Се раздува и ние се прибравме дома. 2. (дијал.) Се разлути. ‖ (се) раздувува, (се) раздувуваат несв. ‖ глаг. им. раздувување ср.