раздвижи
Значење на раздвижи:
1. Почне да движи нешто, стави нешто во движење, предизвика движење на нешто. Нова сила му го раздвижи телото и тој со лазење се довлечка до прагот. Ветрот ги раздвижи лисјата на дрвјата.
2. (прен.) Предизвика некакво чувство, поттикне, возбуди. Неговото творештво ја раздвижи новата македонска книжнина. Новите инвестиции го раздвижија стопанството.
Коњугација: раздвижат.
Изведени зборови:
- раздвижување, глаг. им. ср.
- се ~ раздвижи, Почне да се движи. Луѓето се раздвижија.
- (се) раздвижува, глаг. несв. (се) раздвижуваат
Оригинални податоци:
раздвижи, раздвижат св. 1. Почне да движи нешто, стави нешто во движење, предизвика движење на нешто. Нова сила му го раздвижи телото и тој со лазење се довлечка до прагот. Ветрот ги раздвижи лисјата на дрвјата. 2. (прен.) Предизвика некакво чувство, поттикне, возбуди. Неговото творештво ја раздвижи новата македонска книжнина. Новите инвестиции го раздвижија стопанството. ● се ~ Почне да се движи. Луѓето се раздвижија. ‖ (се) раздвижува, (се) раздвижуваат несв. ‖ глаг. им. раздвижување ср.