раздвоен 1
Значење на раздвоен:
1. Глаголска придавка од раздвои.
2. За човек ‒ што е внатрешно неединствен; што се колеба и не може да се реши, што е во дилема. Внатрешно раздвоена личност.
Членувана форма: раздвоениот.
Изведени зборови:
- раздвоено, прил. Работеа раздвоено, секој во својата соба.
- раздвоеност, и. ж.
Оригинални податоци:
раздвоен1, раздвоениот прид. 1. Глаг. прид. од раздвои. 2. За човек ‒ што е внатрешно неединствен; што се колеба и не може да се реши, што е во дилема. Внатрешно раздвоена личност. ‖ раздвоено прил. Работеа раздвоено, секој во својата соба. ‖ раздвоеност ж.