раздвои
Значење на раздвои:
1. Раздели на два дела, во две групи. Екипата ја раздвои во групи од неколку натпреварувачи.
2. Оддели еден од друг или едно нешто од друго. Ги раздвои парите на купчиња. Го раздвои 3. Предизвика прекин на некакви врски или односи со некого. Далечината ги раздвои. 4. (прен.) Предизвика раздвоеност, разединетост. Нивната политика го раздвои народот.
Коњугација: (ќе) раздвоев , (ќе) раздвоеја , (ќе) раздвоел, раздвоен , раздвоив , раздвоија , раздвоил , раздвој , раздвојат , раздвојте .
Изведени зборови:
- раздвојување, глаг. им. ср.
- се ~ раздвои, 1. Се подели на два дела, во две групи. Момчињата се раздвоија во групи и тргнаа низ планината. 2. а) Прекине врска, пријателство со некого, се раздели. По школувањето се раздвоија и веќе не другаруваа. б) Раскине брачна заедница, се разведе. По неколку години брак се раздвоија и не живеат веќе заедно. 3. (прен.) Стане противречен, неединствен. Подоцна нивните ставови по тоа прашање се раздвоија и секој тргна по свој пат.
- (се) раздвојува, глаг. несв. (се) раздвојуваат
Оригинални податоци:
раздвои, раздвојат; раздвој, раздвојте; раздвоив, раздвоија; раздвоил; раздвоен; (ќе) раздвоев, (ќе) раздвоеја; (ќе) раздвоел св. 1. Раздели на два дела, во две групи. Екипата ја раздвои во групи од неколку натпреварувачи. 2. Оддели еден од друг или едно нешто од друго. Ги раздвои парите на купчиња. Го раздвои 3. Предизвика прекин на некакви врски или односи со некого. Далечината ги раздвои. 4. (прен.) Предизвика раздвоеност, разединетост. Нивната политика го раздвои народот. ● се ~ 1. Се подели на два дела, во две групи. Момчињата се раздвоија во групи и тргнаа низ планината. 2. а) Прекине врска, пријателство со некого, се раздели. По школувањето се раздвоија и веќе не другаруваа. б) Раскине брачна заедница, се разведе. По неколку години брак се раздвоија и не живеат веќе заедно. 3. (прен.) Стане противречен, неединствен. Подоцна нивните ставови по тоа прашање се раздвоија и секој тргна по свој пат. ‖ (се) раздвојува, (се) раздвојуваат несв. ‖ глаг. им. раздвојување ср.