разединет

Придавка

Значење на разединет:

Што не е единствен, што не е обединет, здружен. Разединето општество. Разединето семејство.

Членувана форма: разединетиот.

Изведени зборови:

  • разединето, прил. Ако дејствуваме разединето, акцијата нема да успее.
  • разединетост, и. ж.

Оригинални податоци:

разединет, разединетиот прид. Што не е единствен, што не е обединет, здружен. Разединето општество. Разединето семејство. ‖ разединето прил. Ако дејствуваме разединето, акцијата нема да успее. ‖ разединетост ж.