разедини
Значење на разедини:
1. Раздели, оддели едно нешто од друго; издели нешто на составни делови. Толку цврсто се сраснати што не можеш да ги разединиш.
2. Разбие, наруши единство. Тие сакаат да нè разединат и да внесат недоразбирање во нашите редови.
Коњугација: разединат.
Изведени зборови:
- разединување, глаг. им. ср.
- се ~ разедини, Се раздели, се раздвои. По конфликтот тие се разединија.
- (се) разединува, глаг. несв. (се) разединуваат
Оригинални податоци:
разедини, разединат св. 1. Раздели, оддели едно нешто од друго; издели нешто на составни делови. Толку цврсто се сраснати што не можеш да ги разединиш. 2. Разбие, наруши единство. Тие сакаат да нè разединат и да внесат недоразбирање во нашите редови. ● се ~ Се раздели, се раздвои. По конфликтот тие се разединија. ‖ (се) разединува, (се) разединуваат несв. ‖ глаг. им. разединување ср.