разгали

Глагол, свршен

Значење на разгали:

Направи некого да стане гален; навикне некого на удобност, на исполнување на сите желби и барања. Постојано им попушташе и така ги разгали.

Коњугација: разгалат.

Изведени зборови:

  • разгалување, глаг. им. ср.
  • се ~ разгали, Стане гален, се навикне на удобност и на исполнување на сите желби и барања. Вие младите многу сте се разгалиле, ништо не помагате.
  • (се) разгалува, глаг. несв. (се) разгалуваат

Оригинални податоци:

разгали, разгалат св. Направи некого да стане гален; навикне некого на удобност, на исполнување на сите желби и барања. Постојано им попушташе и така ги разгали. ● се ~ Стане гален, се навикне на удобност и на исполнување на сите желби и барања. Вие младите многу сте се разгалиле, ништо не помагате. ‖ (се) разгалува, (се) разгалуваат несв. ‖ глаг. им. разгалување ср.