разгашти

Глагол, свршен

Значење на разгашти:

1. Пушти некого да оди со непритегната облека; ослободи некого од вишок облека за да се чувствува удобно, раскомоти. Ги разгашти децата и ги пушти да играат во дворот.

2. (прен.) Ослободи некого од стега, направи некого распуштен, разузден. Многу сте ги разгаштиле децата, спијат до пладне.

Коњугација: разгаштат.

Изведени зборови:

  • разгаштување, глаг. им. ср.
  • се ~ разгашти, 1. Симне од себе вишок облека за да се чувствува удобно, се раскомоти. Кога стигна дома, се разгашти и седна да се одмори. 2. (прен.) Се однесува распуштено, разуздано, недисциплинирано. Што си се разгаштил, седни да работиш!
  • (се) разгаштува, глаг. несв. (се) разгаштуваат

Оригинални податоци:

разгашти, разгаштат св. 1. Пушти некого да оди со непритегната облека; ослободи некого од вишок облека за да се чувствува удобно, раскомоти. Ги разгашти децата и ги пушти да играат во дворот. 2. (прен.) Ослободи некого од стега, направи некого распуштен, разузден. Многу сте ги разгаштиле децата, спијат до пладне. ● се ~ 1. Симне од себе вишок облека за да се чувствува удобно, се раскомоти. Кога стигна дома, се разгашти и седна да се одмори. 2. (прен.) Се однесува распуштено, разуздано, недисциплинирано. Што си се разгаштил, седни да работиш! ‖ (се) разгаштува, (се) разгаштуваат несв. ‖ глаг. им. разгаштување ср.