разгази
Значење на разгази:
1. Со газење набие, изгази, израмни снег, кал и сл. Минувачите го разгазија снегот и направија патека.
2. За обувки ‒ со газење, носење рашири; направи удобни за носење. Новите чевли морам да ги разгазам.
Коњугација: разгазат.
Изведени зборови:
- разгазува, глаг. несв. разгазуваат
- разгазување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
разгази, разгазат св. 1. Со газење набие, изгази, израмни снег, кал и сл. Минувачите го разгазија снегот и направија патека. 2. За обувки ‒ со газење, носење рашири; направи удобни за носење. Новите чевли морам да ги разгазам. ‖ разгазува, разгазуваат несв. ‖ глаг. им. разгазување ср.