разгледа

Глагол, свршен

Значење на разгледа:

1. Погледне нешто внимателно од сите страни, извиди насекаде. Вечерта излезе да го разгледа градот. Седна, ги разгледа сите присутни и веднаш зафати разговор. Разгледа наоколу, но никого не виде.

2. Размисли за нешто, проучи, претресе нешто. Планот треба добро да го разгледаме. Вашата молба ќе биде разгледана и решена.

Коњугација: разгледаат.

Изведени зборови:

  • разгледува, глаг. несв. разгледуваат
  • разгледување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

разгледа, разгледаат св. 1. Погледне нешто внимателно од сите страни, извиди насекаде. Вечерта излезе да го разгледа градот. Седна, ги разгледа сите присутни и веднаш зафати разговор. Разгледа наоколу, но никого не виде. 2. Размисли за нешто, проучи, претресе нешто. Планот треба добро да го разгледаме. Вашата молба ќе биде разгледана и решена. ‖ разгледува, разгледуваат несв. ‖ глаг. им. разгледување ср.