разглоби

Глагол, свршен

Значење на разглоби:

1. Оддели делови на нешто зглобено, споено, соединето, составено од повеќе делови, расклопи; зглоби. Детето ја разглоби играчката и не знаеше повторно да ја состави. Ја разглоби машината за да ги смени старите делови.

2. (прен.) Подробно, во детали објасни нешто, расчлени. Тој го разглоби проблемот пред присутните.

Коњугација: разглобат.

Изведени зборови:

  • разглобување, глаг. им. ср.
  • се ~ разглоби, Се разлабави, се расклати, се распадне. Фотелјата се разглоби под неговата тежина.
  • (се) разглобува, глаг. несв. (се) разглобуваат

Оригинални податоци:

разглоби, разглобат св. 1. Оддели делови на нешто зглобено, споено, соединето, составено од повеќе делови, расклопи; спрот. зглоби. Детето ја разглоби играчката и не знаеше повторно да ја состави. Ја разглоби машината за да ги смени старите делови. 2. (прен.) Подробно, во детали објасни нешто, расчлени. Тој го разглоби проблемот пред присутните. ● се ~ Се разлабави, се расклати, се распадне. Фотелјата се разглоби под неговата тежина. ‖ (се) разглобува, (се) разглобуваат несв. ‖ глаг. им. разглобување ср.