разголен
Значење на разголен:
1. За делови од телото ‒ што се голи, непокриени со облека. Рацете му беа разголени до лактот. Ги спушти разголените нозе во реката. Разголени гради. Разголен грб.
2. (прен.) Разоткриен, обелоденет, јавен, отворен. Се осети беден и разголен пред неа. Сите негови тајни беа разголени.
Членувана форма: разголениот.
Изведени зборови:
- разголено, прил. Таа самата ми ги расправаше сите тие работи, онака , разголено, озабено, расоблечено...
- разголеност, и. ж.
Оригинални податоци:
разголен, разголениот прид. 1. За делови од телото ‒ што се голи, непокриени со облека. Рацете му беа разголени до лактот. Ги спушти разголените нозе во реката. Разголени гради. Разголен грб. 2. (прен.) Разоткриен, обелоденет, јавен, отворен. Се осети беден и разголен пред неа. Сите негови тајни беа разголени. ‖ разголено прил. Таа самата ми ги расправаше сите тие работи, онака , разголено, озабено, расоблечено... ‖ разголеност ж.