разголи
Значење на разголи:
1. Симне облека од некој дел на телото. Таа ја симна марамата и го разголи вратот.
2. Облече лесно, без многу облека некого. Ги разголи децата и ги пушти да играат во дворот.
3. (прен.) Изнесе јавно вистина за некого или нешто, разоткрие, обелодени. Тој реши да ги разголи сите нивни скриени намери.
Коњугација: разголат.
Изведени зборови:
- разголување, глаг. им. ср.
- се ~ разголи, 1. Симне облека од некој дел на телото. Се разголи и фати да се мие во дворот. 2. Се облече во полесна облека. Беше жешко лето и сите се разголија. 3. (прен.) Се разоткрие, се покаже во вистинска слика. Вечерта тој ја раскажа својата приказна и пред сите се разголи.
- (се) разголува, глаг. несв. (се) разголуваат
Оригинални податоци:
разголи, разголат св. 1. Симне облека од некој дел на телото. Таа ја симна марамата и го разголи вратот. 2. Облече лесно, без многу облека некого. Ги разголи децата и ги пушти да играат во дворот. 3. (прен.) Изнесе јавно вистина за некого или нешто, разоткрие, обелодени. Тој реши да ги разголи сите нивни скриени намери. ● се ~ 1. Симне облека од некој дел на телото. Се разголи и фати да се мие во дворот. 2. Се облече во полесна облека. Беше жешко лето и сите се разголија. 3. (прен.) Се разоткрие, се покаже во вистинска слика. Вечерта тој ја раскажа својата приказна и пред сите се разголи. ‖ (се) разголува, (се) разголуваат несв. ‖ глаг. им. разголување ср.