разгорештен
Значење на разгорештен:
1. Глаголска придавка од разгорешти.
2. Што е жежок, распламтен, распален. Дождот му го росеше разгорештеното лице.
3. (прен.) Вознемирен, возбуден. Тој зборуваше пред разгорештената толпа.
4. (прен.) Горлив, важен. Разгорештен проблем.
Членувана форма: разгорештениот.
Изведени зборови:
- разгорештено, прил. Тој се сврте и разгорештено му одговори.
- разгорештеност, и. ж.
Оригинални податоци:
разгорештен, разгорештениот прид. 1. Глаг. прид. од разгорешти. 2. Што е жежок, распламтен, распален. Дождот му го росеше разгорештеното лице. 3. (прен.) Вознемирен, возбуден. Тој зборуваше пред разгорештената толпа. 4. (прен.) Горлив, важен. Разгорештен проблем. ‖ разгорештено прил. Тој се сврте и разгорештено му одговори. ‖ разгорештеност ж.