разгори

Глагол, свршен

Значење на разгори:

1. Направи да гори силно, распали оган, пламен, распламти. Ковачите ги разгореа огништата.

2. (прен.) Предизвика силни чувства, распали. Средбата со него ги разгори скриените чувства.

Коњугација: разгорат , разгореа , разгорев , разгорел , разгорен, разгорете , разгори .

Изведени зборови:

  • разгорување, глаг. им. ср.
  • се ~ разгори, 1. Се распали, се распламти. Жарта се разгоре од ветрот. Набргу печката се разгоре. 2. (прен.) Се засили, се развие во голем степен. Се разгоре жестока битка. Во него се разгореа сите чувства.
  • (се) разгорува, глаг. несв. (се) разгоруваат

Оригинални податоци:

разгори, разгорат; разгори, разгорете; разгорев, разгореа; разгорел; разгорен св. 1. Направи да гори силно, распали оган, пламен, распламти. Ковачите ги разгореа огништата. 2. (прен.) Предизвика силни чувства, распали. Средбата со него ги разгори скриените чувства. ● се ~ 1. Се распали, се распламти. Жарта се разгоре од ветрот. Набргу печката се разгоре. 2. (прен.) Се засили, се развие во голем степен. Се разгоре жестока битка. Во него се разгореа сите чувства. ‖ (се) разгорува, (се) разгоруваат несв. ‖ глаг. им. разгорување ср.