разговор

Именка, машки род

Значење на разговор:

1. Зборување меѓу две или повеќе лица, размена на мислења, ставови по устен пат. Пријателски разговор. Сериозните разговори често завршуваа весело. Водеа разговор за обични работи. Кога таа влезе, тој го прекина телефонскиот разговор.

2. (разг., ретко) Утеха, надеж.

Множина: разговори.

Фразеолошки израз / поговорка:

Врзе, разврзе, зафати разговор ‒ почне, започне разговор. Неврзан разговор ‒ разговор за различни слободно избрани теми. Празни разговори ‒ разговор за безначајни работи. Го сврте разговорот ‒ избега од темата на разговор.

Оригинални податоци:

разговор, мн. разговори м. 1. Зборување меѓу две или повеќе лица, размена на мислења, ставови по устен пат. Пријателски разговор. Сериозните разговори често завршуваа весело. Водеа разговор за обични работи. Кога таа влезе, тој го прекина телефонскиот разговор. 2. (разг., ретко) Утеха, надеж. ◊ Врзе, разврзе, зафати разговор ‒ почне, започне разговор. Неврзан разговор ‒ разговор за различни слободно избрани теми. Празни разговори ‒ разговор за безначајни работи. Го сврте разговорот ‒ избега од темата на разговор.