разгради 1
Значење на разгради:
1. Симне, отстрани ограда. Го разградија дворот, за да направат нова ограда.
2. Урне, разруши, растури. Некој ќе гради, некој ќе разгради и сè така се повторува во историјата.
Коњугација: разградат.
Изведени зборови:
- разградување, глаг. им. ср.
- се ~ разгради, 1. Се урне, се разруши. Се разгради покривот на старата куќа. 2. (хем.) Се разложи на составни делови, елементи. Потребно е повеќе време таа да се разгради до минерали.
- (се) разградува, глаг. несв. (се) разградуваат
Оригинални податоци:
разгради1, разградат св. 1. Симне, отстрани ограда. Го разградија дворот, за да направат нова ограда. 2. Урне, разруши, растури. Некој ќе гради, некој ќе разгради и сè така се повторува во историјата. ● се ~ 1. Се урне, се разруши. Се разгради покривот на старата куќа. 2. (хем.) Се разложи на составни делови, елементи. Потребно е повеќе време таа да се разгради до минерали. ‖ (се) разградува, (се) разградуваат несв. ‖ глаг. им. разградување ср.